Епископот крушевачки Давид, е заразен со коронавирус и хоспитализиран во Клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“, пренесува РТС.
Епископот вчера служел опело и литургија на погребот на патријархот Иринеј, кој почина како компликации од коронавирус.
Давид бил тестиран веднаш после погребот, и добил позитивен тест на коронавирус. Засега има само благи симптоми.
Вчера во храмот Свети Сава во Белград беа присутни државниот врв на Србија, претседателот Александар Вучиќ, како и илјадници верници. Протоколите не се почитуваа, па иако имаше стакло на ковчегот на патријархот, сепак, многумина го бакнуваа стаклото.
.
