Свет

Ердоган: Газа е најнехуманиот, најсрамниот концентрационен логор на нашето време

Ердоган: Газа е најнехуманиот, најсрамниот концентрационен логор на нашето време

Турскиот претседател Тајип Ердоган денес пред Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека ОН повеќе не можат да ја исполнуваат својата должност за одржување на мирот и повика на реформа на Советот за безбедност. Ердоган со години се залага за посеопфатна и поинклузивна структура на Советот за безбедност.

„Да признаеме дека системот во кој волјата на повеќе од 190 земји зависи од каприците на пет земји, не е ниту праведен, ниту способен целосно да изгради доверба“, изјави тој. „Обединетите нации, основани пред 81 година за да го одржуваат мирот и безбедноста, станаа немоќни да ја исполнат таа задача или биле спречени во тоа“, додаде тој.

Ердоган ја осуди и ситуацијата во Газа, велејќи дека „никој со чувство за правда и совест – никој што во срцето носи хуманост, сочувство и милосрдие – не може да замижи“ пред она што се случува таму.

„(Палестинскиот претседател) Махмуд Абас веќе две години по ред не може да го заземе своето место во оваа сала. Оваа неправда кон нашите палестински браќа и сестри ја ранува совеста“, рече Ердоган.

Тој ги повика земјите што не ја признаваат палестинската држава да го преиспитаат својот став и ги охрабри сите нации да го зголемат притисокот врз Израел за да се стави крај на војната во Газа, која тој ја опиша како „најнехуманиот и најсрамниот концентрационен логор на нашата ера“.

Турција, членка на НАТО, е еден од најгласните критичари на Израел и неговата војна во Газа, тврдејќи дека нападите претставуваат геноцид. Турција постојано повикува на меѓународни мерки против Израел, кој ги отфрла обвинувањата за геноцид.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни