Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин, остварија средба на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Кина, јави Си-Ен-Ен Турк.
Путин му се заблагодари на Ердоган за дипломатските напори околу кризата во Украина и истакна дека двете земји успешно соработуваат во енергетиката, како и по теми од заеднички интерес, вклучувајќи го Блискиот Исток, Северна Африка и Кавказ.
Ердоган ја повтори поканата до Путин да ја посети Турција и нагласи дека односите меѓу Анкара и Москва се „искрени и базирани на доверба“.
На средбата присуствуваа повеќе министри од двете влади, меѓу кои шефовите на дипломатијата и енергетиката.