Извозот на Турција до крајот на 2022 година ќе надмине 250 милијарди долари, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од турските медиуми.
Турските власти неодамна објавија дека извозот во мај 2022 година изнесувал 19 милијарди долари, што е за 15,2 отсто повеќе од истиот месец минатата година.
До крајот на годината нашиот извоз „лесно“ ќе надмине 250 милијарди долари, рече Ердоган во Истанбул на состанокот со Унијата на турските извозници.
Според него, и покрај пандемијата КОВИД-19 и неповолната меѓународна ситуација во изминатите 2,5 години, извозот на Турција е зголемен за шест пати, а увозот за четири пати. Тој додаде дека Турција, како и досега, има за цел да влезе во листата на десетте најразвиени економии во светот.
