Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Грција мора да престане да ги вооружува островите со демилитаризиран статус во Егејското Море и мора да се придржува до меѓународните договори, пренесе Ројтерс.
Коментарите на турскиот лидер би можеле дополнително да ги зголемат тензиите меѓу двете соседни земји, наведува агенцијата.
Се вчитува...
Ердоган, кој го следи напредокот на воените вежби Ефес 2022 во Егејското Море, рече дека Грција треба да избегнува акции и изјави за кои ќе зажали.
