Свет

Ердоган ја спореди јачината на земјотресите во Турција со атомските бомби

Ердоган ја спореди јачината на земјотресите во Турција со атомските бомби

По острите критики на властите, турскиот претседател Ердоган ги спореди земјотресите што ја погодија земјата со атомски бомби.

Шефот на државата во телевизиско обраќање потврди и дека над два милиони и 200 илјади луѓе ги напуштиле погодените подрачја. Тој најави и дека бројот на жртвите во земјава достигна над 35 илјади лица.

Во последниве денови, имаше бран критики против владата на Ердоган, при што многумина го обвинија одговорот на властите на кризата како недоволно адекватен и брз. Сепак, турскиот претседател истакна дека силата на потресите наликува на онаа на „стотици моќни атомски бомби“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни