Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека разговарал за начините за завршување на војната во Украина со рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот во Кина и со украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефон, но дека страните „сè уште не се подготвени“ за состанок на ниво на лидери.
Во разговор со новинарите во авионот на враќање од Кина, Ердоган рече дека разговорите меѓу руските и украинските претставници во Истанбул во последните месеци покажаа дека патот кон мирот останува отворен, објави Ројтерс.
„Турција е посветена на постепено подигнување на нивото на преговорите со цел надежите за мир да ги претвори во конкретни резултати“, рече Ердоган, додавајќи дека секоја иницијатива на крајот ќе мора да се реши на ниво на лидери, иако условите сè уште не се исполнети.
Ердоган: Путин и Зеленски не се подготвени за средба лице в лице