Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им порача на своите колеги дека Турција повеќе нема да води билатерални разговори со Грција, објави Ројтерс.
Ова е уште една пресвртница во разговорите меѓу двете земји, кои беа обновени минатата година по петгодишен прекин за да се работи на премостување на јазот. Овие разговори постигнаа мал напредок, соопшти агенцијата.
Ердоган минатата недела изјави дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис „повеќе не постои“ за него, обвинувајќи го дека се обидел да ја блокира продажбата на Ф-16 на Турција за време на посетата на Соединетите држави.
Турција и Грција, и двете членки на НАТО, долго време се разликуваат по бројни прашања, вклучително и поморските граници, големината на континенталните полици, воздушниот простор и островот Кипар.
