Error-от ќе исчезне, платформата се дополнува – десетина лица ја работат онлајн платформата за настава

Зошто се појавува “еrror” кај многумина од учениците кои сакаат да се поврзаат со националната платформа за онлајн учење? Боро Јакимовски, раководител на тимот на развој на нациоалната платформа за учење на далечина во  ЕУ Клик појасни  дека помалку од еден месец работат на платформата и дека се уште се надополнува. Додава дека имале многу краток рок за да ја направат.  

Се вчитува...

Јаким Неделковски од СОНК вели дека сите подготовки за почетокот на учебната година требаше да се случат порано.

Поранешниот министер за образование, Арбр Адеми во „10МИНУТИ“ на ТВ21, напомена дека и во други земји имало проблеми, односно паѓање на системот.Тој појасни дека Од УНИЦЕВ имало  подготвена платформа за онлајн настава, која за нас беше без пари. Не е ова што се користи сега“,

И самата министерка Царовска порача дека нема да биде лесно и дека мора да се носиме сите заедно со проблемите , но свесна е дека овој систем во ова време ќе успее.

.

Извор: ТВ21