Ерупција на вулкан и поплави во Индонезија: Најмалку 50 лица загинаа

Најмалку 50 луѓе загинаа, а 27 се водат како исчезнати по ерупцијата на вулкан на островот Суматра во Индонезија, соопштија локалните власти.

37 лица се повредени од ерупцијата на вулканот во саботата, а повеќе од 3.300 луѓе се евакуирани.

Силен дожд падна во саботата во областите на западниот дел на островот Суматра, предизвикувајќи поплави и заладување на лавата од вулканот Марапи, најактивниот на островот.

Потрагата по исчезнатите лица е во тек, а властите стравуваат дека бројот на жртвите може да биде уште поголем.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното