Ерупцијата ја потврди Олга Гирина, раководител на Групата за одговор на вулканска ерупција на Камчатка (КВЕРТ).
Гирина рече дека на сателитските снимки е забележана „светла термичка аномалија“, додавајќи дека на вулканот се забележани потреси.
Таа посочи дека ерупцијата во моментов не претставува закана за локалното население или авијацијата, бидејќи се уште не е забележана емисија на пепел.
Со надморска височина од 4.750 метри, Кључевска Сопка е највисокиот активен вулкан во Евроазија. Неговата последна ерупција се случи во октомври 2020 година.
Најблиската населба е на околу 30 километри од кратерот на вулканот.