Денеска на ТВ21 гостуваа д-р Мартин Мојсоски и Анастасија Дукоска, со кои се разговараше околу естетската корекција.
На прашање на модераторот за тоа дали во Македонија се „скршени“ табуата околу естетската корекција, Мојсоски истакна дека табуата полека се кршат, поготово кај мажите.
„Кога спомнуваме ботокс и филери мислиме на разубавување кај жените, но полека и кај мажите почнува да станува пракса за да се разубавуваат, па така го поздравувам тој гест“, вели д-р Мојсоски.
Според Мојсоски, доколку се гледа реално е каприц, но потребен каприц.
„Живееме во 21 век, век каде што се оди напред, се е во експанзија. Сметам дека секој човек кој што сака, треба да ги искуси благодетите на естетската корекција“, вели Мојсоски.
Дукоска вели дека кај некои жени, естетската корекција е навистина потреба.
„Жени кои се во некои позрели години, ќе се појави брчка, зошто да не ја промениме? Зошто да не ја корегираме, ако можеме? Има и помлади девојки кои почнуваат со ботокс поради превенција, мислам дека тоа е ок“, вели Дукоска.
Тие велат дека интересот е доста голем, а открија и дека клиентите доаѓаат кај нив со многу желби и побарувања.