Свет

Етиопијан ерлајнс „Боинг 737“ се урна во близина на Адис Абеба, има жртви

Етиопијан ерлајнс “Боинг 737”, кој се упати кон главниот град на Кенија, Најроби, се урна во близина на Адис Абеба, соопштија вчера од авиокомпанијата.

Авионот Боинг 737-800MAX со број на летање ЕТ 302, го загубил контактот по полетувањето во 08:38 часот по локално време од меѓународниот аеродром „Боле“ во главниот град на Етиопија, соопшти авиопревозникот.

Авиокомпанијата соопштува дека има 149 патници и 8 членови на екипажот.

“Во овој момент, во тек се операции за пребарување и спасување, а ние немаме потврдени информации за преживеаните. Екипата на Етиопијан ерлајнс ќе биде испратена на местото на несреќата и ќе стори сé што е можно за да им помогне на итните служби”, додаде авиокомпанијата.

Етиопската влада го изрази своето “најдлабоко сочувство до семејствата на оние што ги загубија своите најблиски за Етиопијан ерлајнс Боинг 737 на редовно закажан лет до Најроби, Кенија ова утро”, изјави на Твитер, премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни