Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај (EASA) денеска ги суспендираше сите летови во просторот на Европската унија на авионите од моделите „737-8 MAX“ и „737-9 MAX“ на американскиот производител „Boeing“.
„Се запираат и сите комерцијални летови кои ги изведуваат операторите од трети земји при доаѓањата во ЕУ, во рамките на унијата, и поаѓањата од ЕУ а горенаведените модели“, се додава во објавата.
Во Етиопија во неделата се урна Боинг 737 Макс 8 на Етиопиан ерлајнс, при што загинаа 157 луѓе. Авионот се урнал брзо по полетувањето од Адис Абеба на летот за Најроби. Пред пет месеци, исто така неколку минути по полетувањето, во пад на истиот модел на авион на индонезиската компанија Лајон ер загинаа 189 луѓе.