Комисијата на Европската унија (ЕУ) изврши исплата на поддршка од 3,5 милијарди евра на земјите-членки кои ги примаат украинските баратели на азил.
Според соопштението на Комисијата на ЕУ, авансните плаќања за Украинците кои бегаат од војната по рускиот напад што започна на 24 февруари, биле исплатени од буџетот за интеграција на ЕУ за бегалците во Европа.
Предвремените плаќања на членките на ЕУ беа обезбедени за да се задоволат потребите на Украинците како храна, засолниште, здравје, образование и вработување.
562 милиони евра доби Полска, која доби најголем дел од досегашните исплати. Италија на второ место 452 милиони евра, трето Романија 450 милиони евра, Шпанија 434 милиони евра, Унгарија 299 милиони евра, Чешка 283 милиони евра, Словачка 209 милиони евра исплата за поддршка од 5,5 милијарди евра.
