Свет

ЕУ одлучи да исклучи 7 руски банки од SWIFT системот (ЛИСТА)

Европската унија се согласи да ги исклучи големите руски банки од системот SWIFT, доминантниот глобален систем за меѓубанкарски финансиски телекомуникации. Мерката ќе ги спречи овие банки да ги извршуваат своите финансиски операции ширум светот на брз и ефикасен начин, соопшти ЕУ.

Банките засегнати со одлуката се:

  • „Откритие“
  • Новикомбанк
  • Промсвјазбанк
  • Руска банка
  • Совкомбанк
  • Внешноекономбанк
  • ВТБ

Банките кои се цел на денешната мерка се избрани бидејќи веќе се предмет на санкции од ЕУ и од другите земји од Г7, соопшти ЕУ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни