ЕУ повлекува плишана играчка поради опасност од давење

Системот за брза размена на информации за небезбедни производи кои се пласирани на единствениот пазар на ЕУ (RAPEX) издаде предупредување за неисправност на детска играчка и за нејзино повлекување од продажба.

Според објавата, станува збор за плишана играчка во облик на Каваи змеј. Производот се продава преку интернет, особено преку AliExpress (единствен идентификатор: 1005008351226279).

RAPEX предупредува дека играчката се повлекува од продажба поради ризик од давење: содржи мали делови (лизгач и јазиче/каишче на патент) кои можат лесно да се одвојат. Малите деца може да ги стават во уста и да се задават.

Податоци за производот:

Производ: Плишана играчка (мека играчка)

Име: Jouet en peluche dessin animé petit Dragon volant Kawaii

Сериски број: 874328465719

Тип / број на модел: J11251668

Земја на потекло: НР Кина

Вид на ризик: Давење