Лана Нацев, една од членките на Федерацијата за уметничко лизгање со својот танц го отвори лизгалиштето „ЕУ за тебе”.
Малку подоцна, на лизгачите им се придружи и Евроамбасадорот Самуел Жбогар.
„Ова е оној период од годината, кога гледаме назад, се надеваме за иднината. Ова е тој период кога застануваме, за да направиме пауза, да одмориме, да се забавуваме. Затоа како Европска Унија, оваа година да се придружиме на прославата организирана од градот Скопје за да може да ја направиме прославата уште помагична“, изјави амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар
Градоначалникот Петре Шилегов не го следеше примерот на Жбогар, но му се заблагодари за донацијата.
„Благодарност за ваквата донација, за на крајот на оваа година да мислиме на убавите нешта, да бидеме исполнети со надеж за годината што ни претстои. Ќе можеме да придонесеме на граѓаните на Скопје да уживаат во новогодишната магија“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Лизгалиштето ќе биде отворено секој ден од 10 часот наутро до 21 часот, се до седми јануари. Влезот е бесплатен.
Репортер: Данче Азманова
