Утринава во Загреб е спроведена итна евакуација на три големи трговски центри по добиени закани за поставени експлозивни направи. Полицијата нареди празнење на објектите веднаш по пристигнувањето на дојавите.
Дојавите за бомби пристигнале на адресите на повеќе медиуми, по што полицијата интервенирала во следните објекти:
- Arena Centar
- Avenue Mall
- City Center One East
Според сведоштва на граѓани, алармите во трговските центри се огласиле околу 8 часот наутро. Очевидци известуваат дека полициски службеници се распоредени на сите влезови и не дозволуваат пристап до објектите додека траат проверките.
Од загребската полиција накратко потврдија дека нивните екипи се на терен и дека постапувањето е во тек. Се вршат детални антидиверзиони прегледи на просториите за да се утврди веродостојноста на заканите.
Повеќе информации и детали за инцидентот се очекуваат по завршување на полициската истрага.
