Свет

Еве каде беше украинскиот евровизиски коментатор за време на полуфиналето

Еве каде беше украинскиот евровизиски коментатор за време на полуфиналето

Украина синоќа се пласираше во финалето на Евровизија. Оркестарот Калуш ја воодушеви публиката ширум Европа и многумина пишуваат дека ситуацијата во Украина не е единствената причина зошто момците имаат толку голема поддршка.

Изборот за песна на Евровизија синоќа беше следен во дел од Украина, а на Твитер се појави фотографија од нивниот коментатор Тимур Мирошниченко, кој го следеше натпреварувањето и го пренесе на украинската телевизија. Мирошниченко ја емитуваше Евровизија од импровизирано студио во засолниште, а неговата фотографија, објавена на Твитер од британскиот евровизиски новинар Вилијам Адамс, предизвика бурни емоции на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Украина е главен фаворит на обложувалниците оваа година, а поддршката кај обложувалниците е рекордна и и дава дури 50% шанси за победа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни