Еве како брзо да си го вратите сјајот на домашните растенија

Доколку сакате да имате убави, здрави растенија без проблем со нивната сјајност тогаш мора да го пробате овој трик.

Се работи за трик кој пред се го користат цвеќарите со цел да ја нагласат убавината на растението и сите негови нијанси, а истиот може да ви помогне и вам.

Потребен ви е само мајонез.

Ставете малку мајонез на чиста крпа и пребришете ги лисјата. Не само што ќе имате сјајни растенија, туку мајонезот ќе ја отстрани и насобраната прашина.

Овој трик посебно има ефект кај растенијата со широки лисја.