Еве како да ги исчистите влакната од домашните миленичиња на мебелот

Влакната кои ги оставаат милениците зад себе знаат да создадат главоболка, но и за тоа постои решение.

Еве како:

Набавете соодветна четка

Најдете соодветна четка која ќе отстрани што е можно повеќе влакна при четкање. Колку помалку влакна останат на нивното тело, толку помалку ќе паѓаат. Прашајте во продавници специјализирани за миленичиња која четка најдобро би им одговарала.

Редовно бањајте го кучето

Друга работа што може да го намали опаѓањето на косата е капењето. Масирајте го кучето при миење со шампон, бидејќи на тој начин ќе го поттикнете паѓањето на сите непотребни влакна. Покрај отстранувањето на вишокот влакна, редовното капење на вашето домашно милениче чисти од дополнителна прашина и нечистотија што се акумулира на крзното.

Метода за најефикасно чистење на мебелот

Ткаенина од микрофибер е доволна за дрвен и кожен мебел. Може да ги собере сите влакна од мебелот со еден потег, но мебелот направен од други материјали е сосема друга приказна кога станува збор за чистење на влакната

Постојат неколку работи што можат да ви помогнат да ги отстраните влакната од мебелот:

Првото нешто што можете да пробате се гумени ракавици. Ставете ракавица на раката и поминете преку мебелот. Ова ќе создаде статички електрицитет што ќе ги натера влакната да почнат да се лепат за ракавицата.

Втората опција работи слично, и тоа е четка за бришење прозорци. Со четката поминете го мебелот и влакната треба да почнат да се лепат на неа.

Последната опција е ролер што собира коса. Можете да го најдете во секоја продавница за миленичиња и поголеми маркети. Со вистинскиот ролер, исто така, можете да ги дофатите и скриените влакна од тешко достапните места на мебелот.