Еве како да се маскирате во познатата кукла убиец од серијата „Squid game“

Корејците уште еднаш го освоија светот, но овој пат тоа не го направија преку хит-поп група, туку со серијата „Squid Game“. 

Заплетот се врти околу голема група луѓе (456) од различна доба на животот, а она што ги обединува се нивните големи долгови, поради што се согласуваат да се приклучат на серија од неколку смртоносни „детски игри“. 

Во случај на загуба, тие плаќаат со својот живот, а единствениот преживеан добива награда од 45,6 милијарди корејски вони.

Ова е најгледана серија на Нетфликс, односно светот буквално полуде по приказната, актерите и игрите што се претставени од продукцијата.

Стотици корисници на Тик Ток прават колачиња Далгона и рекреираат сцени од филмот. Во принцип, играта Squid е насекаде во онлајн просторот.

И се чини дека погодувате каде одат работите кога станува збор за костимите за овогодинешната Ноќта на вештерките.

Денес решивме да ви претставиме 3 видеа кои ќе ви покажат како да се трансформирате во роботска кукла убиец од првата игра „Црвено светло, зелено светло“. Нејзината задача во серијата е да го елиминира секој учесник кој не успева да застане по сигналот. Звучи навистина ужасно, и токму така и изгледа.

Во продолжение видеата:

https://youtube.com/watch?v=JsxQEpPFkEg