Еве како Џејми Оливер ослабе 12 кг без гладување – оваа промена е клучна!

Џејми Оливер со години е омилен готвач во светот, кој со своите брзи и здрави рецепти промовира здрава исхрана. Сепак, и покрај тоа, тој имаше проблеми со вишокот килограми.

Славниот готвач со текот на годините доби вишок килограми, но за среќа успеа да се ослободи од нив.

Тој неодамна во интервју за Радио Тајмс призна дека ослабел дури 12 килограми, а како што вели, за тоа е одговорно намалувањето на количината на месо што го консумира.

„Го намалив внесот на месо и го зголемив внесот на зеленчук, спиев повеќе и се движев повеќе. Изгубив 12 килограми прилично брзо и не гладував. Јадев многу, повеќе отколку што бев навикнат“, објаснува тој.

Но, покрај промените во дневното мени и промените во животните навики, проба и здрава, нова храна, од која е воодушевен.

„Мислев дека алгата е модерна храна, но нашите предци јадеа алги. Имаат многу јод и тоа всушност е најхранливиот зеленчук во светот, објасни славниот готвач.

Сепак, не само намаленото внесување месо и зголеменото внесување зеленчук му помогнаа да ослабне. Имено, тој почна почесто да конзумира ореви.

„Тие го намалуваат ризикот од срцев удар, тие се здрави и не заборавајте да им ги дадете и на вашите деца да јадат меѓу оброците“, вели Оливер, кој има пет деца.

Иако Оливер не престана целосно да конзумира алкохол за да ослабне, призна дека е поумерен.

„Сега пијам само за време на викендите“.