Весна Змијанац со децении е на српската музичка сцена, а медиумите се уште се заинтригирани од нејзиниот љубовен живот.
Поранешниот сопруг на пејачката, Влада Јовановиќ, кој многу ретко е присутен во јавноста, е татко на нејзината ќерка Николија, која сепак ги следеше стапките на нејзината мајка и одлучи да се занимава со музика.
Влада Јовановиќ е доктор на науки во областа на економијата, одличен експерт, кој некогаш бил вработен во РТС како шеф на маркетинг.
Влада Јовановиќ никогаш не сакал да се експонира јавно, а не бил баш среќен кога Николија одлучила да се занимава со пеење.
„Татко ми е „алергичен“ на се што има врска со шоу -бизнисот, уште од периодот кога беше со мајка ми. Како доктор на науки, не би ме советувал да пеам“, изјави еднаш Николија за едно списание.
Весна и Влада биле прекрасен пар и се сакале многу, но кога љубовта завршила, секој тргнал по својот пат, но сепак, Николија останала како алка што ќе ги поврзува до крајот на животот.
