Живот

Еве како карфиолот може да ви помогне во намалување на килограмите

Доколку се обидувате да се ослободите од вишокот килограми, време е да го наполните фрижидерот со карфиол.

Овој нискокалоричен зеленчук не е богат со јаглени хидрати, па затоа е идеална храна за сите оние кои сакаат да ја стеснат половината.

Карфиолот е преполн со влакна кои го подобруваат варењето, па затоа исчезнува и надуеноста, но воедно се подобрува и функцијата на дигестивниот тракт.

Освен тоа, карфиолот исто така е добар извор и на омега 3 масни киселини кои го подобруваат имунитетот и ја подобруваат резистенцијата на инсулин. Овие киселини исто така го подобруваат лачењето на лептин, хормон кој ја регулира телесната тежина и го забрзува метаболизмот.

Во овој период овој зеленчук се уште е достапен, па лесната набавка воопшто не е проблем. Пронајдете здрави рецепти за карфиол и вметнете го во вашата исхрана.

Карфиолот од туршијата исто така благотворно влијае на здравјето.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни