Еве како настанале знаците од „Squid Game“ и што всушност значат

Авторот на серијата „Squid Game“, Хванг Донг-Хиука откри како се создале симболите на круг, триаголник и квадрат.

„Круговите означуваат работници, триаголниците претставуваат вооружени војници, а квадратите се раководители“, рече тој за странските медиуми, додавајќи дека додека смислувал детали во серијата, цело време имал на ум колонија мравки.

Исто така, зад симболот лежи друго значење.

„Кругот е буквата О, триаголникот е дел од буквата Ј, а квадратот е буквата М во корејската азбука. Овие три букви, OJM, ги формираат иницијалите на оригиналното име на серијата Ojingeo Geim (오징어 )“, јави „The Focus“.