Стабилно и суво со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде денес и утре кога на места ќе се спуштаат и под -10 степени.
Дневните температури ќе бидат во благ пораст. Во недела и понеделник ќе има појава на утринска магла по одделни котлини.