Еве кое е момчето кое за прв пат се најде на насловната страница на Плејбој – го следат осум милиони луѓе

За првпат во историјата, на насловната страница на списанието „Плејбој“ се прикажан мажот, инфлуенсер и шминкер Бретман Рок.

Бретман го следат 17 милиони луѓе на Инстаграм, додека пак има повеќе од осум милиони претплатници на Јутјуб.

Објавува разни видеа на Јутјуб како што се мукбанг со членовите на семејството, улоги од секојдневниот живот, тематски видеа наречени како да се преживее во џунглата, погоди песна, готви со мајка си.

Неговите видеа на Јутјуб имаат неколку милиони прегледи.

Пред четири години, Тајм го прогласи за еден од 30 -те највлијателни тинејџери. Бретман, исто така, лансираше своја линија за убавина и доби свое шоу на МТВ.

Покрај тоа, Рок стана активист на ЛГБТ заедницата. Роден е во 1998 година на Филипините.

Тој не е првиот човек што се појави на насловната страница на Плејбој, но тој е првиот деклариран хомосексуалец.

Пред него, мажите кои се најдоа на насловната страница на Плејбој беа основачот на списанието Хју Хефнер и музичарот Бад Бани.

Бретман, како и списанието Плејбој, наиде на бројни критики за оваа корица.

“Каде отиде овој свет”, “Зошто по ѓаволите мажите сакаат да бидат жени? Ова не беше порано Плејбој”, “Последниот пат кога проверив, Плејбој беше за хетеросексуални мажи. Лоша одлука”, се само некои на коментарите.

Бретман одговори на овие критики на хумористичен начин.

“Го објавувам ова за да ги разбеснам хетеросексуалните мажи. Ако сте луѓе затоа што ве вклучувам, кажете го тоа”, напишал тој покрај фотографијата од списанието.