Поранешниот готвач на кралското семејство Грејам Тинзли сподели интересни детали за принцот Чарлс.
Тој вели дека принцот Чарлс не сака чоколади, не сака ни кафе, а ниту лук, па затоа морале да ги разгледаат овие работи кога го создавале менито.
„Кога и да оди на настан, секогаш носи неколку работи кои ќе му се стават на маса. Секогаш зема мали сребрени Малдон садови со морска сол и своја омилена перница“, изјави Тинзли.
Готвачот додава дека на принцот секогаш покрај јадењето, му требало и салата, а истата точно се знаела која била.
Принцот бил љубител на јајца, а истите требало да бидат сервирани под листови на салата.
