Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје – Скопје во текот на изминатата недела извршила секвенционирање на 41 позитивен примерок на Ковид-19.
Податоците биле собрани од 29.01 до 06.02.2022 година.
Според информациите на ИЈЗ, кај 35 примероци била докажана Ба.1 сублинија на Омикрон, додека пак кај три лица е регистриран под-сојот од линијата B.1.1.529 на омикрон SARS-CoV-2, познат како „stealth“ омикрон (два се од Скопје и еден од Струмица).
Според примероците може да се заклучи и дека во земјава се уште циркулира и Делта варијантата која била докажана кај 3 примероци, додека пак кај два примерока е регистриран сезонскиот грип, односно influenza H3N2.