Еве кој ќе добие платежна картичка „Купувам домашно“ од државата

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција го презентираше четвртиот пакет економски мерки.

Се вчитува...

Тој порача дека втората мерка се платежните картички за граѓаните.

„Платежните картички се со износ од 6.000 денари и ќе добијат 5.726 самохрани родители, пензионери со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наш сограѓанин пензионери, невработени кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмските работници, културните работници, естрадни работници“, посочи Заев.

Тој додава дека платежните картички купувам домашно ќе добијат уште 540 студенти кои во претходниот пакет не ги добиле овие картички.

„Поддршка за студентски и ученички стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици“, посочи Заев.

Тој порача дека помош ќе добијат и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија и се со приходи помали од 15.000 денари или воопшто немаат приходи.

Оваа мерка опфаќа над 280.000 наши сограѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.

🔴 Презентација на четвртиот пакет економски мерки – прес конференција на Зоран Заев

🔴 Презентација на четвртиот пакет економски мерки – прес конференција на Зоран Заев

Gepostet von TV21 am Sonntag, 27. September 2020

.

Извор: ТВ21