Еве колку чини најскапата порција помфрит

Еден њујоршки ресторан со назив „Серендипити 3“ го сруши Гинисовиот рекорд за најскапи пржени компири во светот.

Новиот специјалитет тука чини 200 долари или по наше 10.400 денари.

Главната состојка на овој специјалитет, се компири зачинети со масло од тартуфи, послужени со сос од сирење и тартуфи.

Помфритот пред приготвувањето, се бланшира во шампањски оцет и се пржи во чиста маст, а на крајот, тие се украсуваат и со златна прашина што се јаде.

Ова е 10-то јадење по ред на ресторанот со кое го соборија Гинисовиот рекорд.

Тие претходно ја направија најголемата свадбена торта, најскапиот сладолед, најголемата шоља какао, најскапата плескавица…

Инаку, се чини дека луѓето многу се заинтересирани за овој скап помфрит, судејќи по долгата листата на чекање. Луѓето чекаат дури 8 – 10 недели за својата резервација.