Еве колку години ќе се држи во тајност тестаментот на принцот Филип

Тестаментот на принцот Филип ќе остане во тајност најмалку 90 години.

Ова е традиција која трае повеќе од еден век, имајќи во предвид дена по смртта на некој член на британското кралско семејство, од судовите се бара да ги запечатат нивните тестаменти, пишува Би-би-си.

Ова, секако, значи дека тие нема да бидат достапни за јавноста, односно по 90 години ќе се одржи приватен процес на кој ќе биде одлучено дали тестаментот може да се отпечати.

Оваа расправа за барањето за запечатување на тестаментот ја одржи највисокиот судија на Семејниот суд, Сер Ендрју Мекфарлан во месец јули.

Откако ги слушна сите аргументи на адвокатите што го застапуваат имотот на починатиот војвода, како и аргументите на државниот адвокат, а својата одлука ја објави дури во четвртокот.

Тој посочи дека, како претседател на Одделот за семејство на Високиот суд, е чувар на сефот со повеќе од 30 пликови, од кои секој содржи запечатен тестамент на починат член на кралското семејство.

Овој процес на објавување на овие тестаменти започна за прв пат по повеќе од сто години.

Инаку, 99-годишниот принц Филип почина во месец април оваа година.