Живот

Еве колку корисници доби Телеграм благодарение на падот на Фејсбук

По фамозниот пад на Фејсбук, Инстаграм и Ватсап апликацијата „Телеграм“ се здоби со нови 70 милиони корисници.

Ова го соопшти основачот на оваа апликација, Павел Дуров.

Оваа шестчасовна блокада, Фејсбук ја препиша на „неисправна промена на конфигурацијата“, а при тоа 3,5 милијарди корисници беа спречени да пристапат на услугите на Ватсап, Инстаграм и Месенџер.

„Дневниот раст на Телеграм ги надмина сите очекувања. Изразуваме добродојде за 70 милиони наши нови корисници во еден ден“, напиша Дуров на својот Телеграм канал.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни