Работниците веќе го гледаат следниот празник како можност за одмор, но Илинден – 2 Август, годинава се паѓа во сабота, што значи нема да донесе продолжен викенд.
До крајот на годината остануваат уште неколку неработни денови, дел за сите граѓани, а дел се однесуваат на верските и етничките заедници во земјава.
Неработни денови за сите граѓани:
2 август (сабота) – Ден на Републиката
8 септември (понеделник) – Ден на независноста
11 октомври (сабота) – Ден на народното востание
23 октомври (четврток) – Ден на македонската револуционерна борба
8 декември (понеделник) – Св. Климент Охридски
Верски празници и неработни денови по заедници:
Православни христијани:
28 август (четврток) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
Католички верници:
1 ноември (петок) – Сите светци
25 декември (четврток) – Божик
Еврејска заедница:
2 октомври (четврток) – Јом Кипур
Албанска заедница:
22 ноември (сабота) – Ден на албанската азбука
Турска заедница:
21 декември (недела) – Ден на настава на турски јазик
Бошњачка заедница:
28 септември (недела) – Меѓународен ден на Бошњаците
Со оглед дека дел од празниците оваа година се паѓаат за време на викенд, граѓаните ќе имаат помалку денови за одмор, освен ако институциите не одлучат да ги компензаираат неработните денови што се паѓаат во сабота.