Еве што да направите доколку телефонот ви падне во вода

Сега е време за годишни одмори или пак дневно капење на базен, но дали знаете кои методи треба да ги примените доколку вашиот телефон падне во вода?

Прво правило: Доколку сте во можност веднаш однесете го на мајстор.

Важно е брзо да се утврди дали водата навлегла во телефонот и стигнала до матичната плоча, тоа може да се утврди така што телефонот ќе „забави“.

Првата помош кога телефонот ќе падне во вода е да ја извадите маската и да го избришете со сува крпа.

Второто е да го исклучите и да ја извадите батеријата, доколку не е интегрирана во телефонот, односно да извадите се од телефонот како капак, батерија, картичка и оставете да се суши. Не го ставајте на сонце.

Еве неколку корисни методи:

  • Ориз

Оризот е добра идеја доколку телефонот не е целосно потопен во вода, а експертите велат дека инстант оризот е подобар од интегралниот. Ставете го во вреќа со ориз и оставете го.

  • Фен

Најважно е да го исушите телефонот добро, а не можете да се стигне до сите делови со крпа, па затоа вклучете го фенот за коса.

  • Правосмукалка

Правосмукалката суши многу подобро од фен за коса, па ако тоа ви се случи дома, веднаш вклучете ја и ќе помине низ сите делови на телефонот.

  • Песок за мачки

Кој има мачка пола работа ја завршил. Песокот има неверојатна моќ да апсорбира влага, затоа само потопете го!