AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Еве што кралицата Елизабета Втора презира најмногу

Што мрази најмногу британската кралица Елизабета Втора?

Ова го открива готвачот Чарлс Оливер, кој бил еден од долгогодишните вработени во служба на Нејзиното Височество.

Тој вели дека таа мрази остриги и тие се строго забранети да се служат во нејзино присуство, а исто така и принцот Филип имал слична одбивност кон оваа морска храна.

Имено, тој додава дека секој нов вработен во кујната на Бакингемската палата мора да биде информиран за храната која не е омилена кај Кралицата и истата никако не смее да ја стави на кралската трпеза.

Според наводите, кралицата тешко може и да се нарече гурманка, бидејќи ги претпочитала истите јадења што со години ги нарачувала од своите готвачи.

Готвачот вели дека иако принцот Филип сакал да пробува и нешто ново, Кралицата секогаш го проверувала рецептот пред да се согласи за нов деликатес.

Од друга страна пак, готвачот вели дека кралицата има голема слабост кон чоколадото, односно таа секогаш ја дава својата согласност за слатки на коишто се додава какао и нејзиното омилено, темно чоколадо.