Еве што направила Марина Туцаковиќ за Јелена Карлеуша

Не е тајна дека Јелена Карлеуша веќе долго време го подготвува новиот албум наречен „Алфа“, а токму тоа е причината поради која ја прекина соработката со музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.

ПР-менаџерот и пријател на популарната пејачка одговараше на прашањата на следбениците на Инстаграм и во таа пригода откри нови детали за песните на Јелена, но и за заминувањето од „Гранд“.

Дали е вистина дека Јелена ќе се врати во вториот или третиот круг на ‘Ѕвездите на Гранд’?

„Не“, кратко одговори Зоран Бирташевиќ.

Дали еден од текстовите од „Алфа“ е дело на Марина Туцаковиќ?

„О, да“, потврдно одговори Зоран.

Инаку, работата на новиот албум на Карлеуша ја потврди и синот на кантавторката Милан Радуловиќ Лача.

Марина, пак, потврди на времето дека напишала песна за Јелена посветена на нејзината покојна мајка Дивна Карлеуша, а можно е токму тој текст да е еден од последните во нејзината плодна кариера.