Еве со што се почасти Златан Ибрахимовиќ за неговиот роденден

Златан Ибрахимовиќ, по секоја веројатност, има слабост во однос на скапите автомобили, па и за овој роденден се почести со еден, со кој ќе ја комплетира својата импресивна колекција.

Популарниот фудбалер им се пофали на своите следбеници на социјалните мрежи со новото жолто Ферари, кое го купи.

Не се знае што добил за подарок, но се знае што си дал на себе. И подарокот е, во најмала рака, брутално скап!

Според информациите, популарниот Ибра го купил „СФ90 пајак“, најмоќното Ферари во историјата што може да се вози по јавни патишта.