За која пејачка, познатата и една од најдобрите текстописци Марина Туцаковиќ ја напиша последната песна?
Се работи за ѕвездата на Гранд, Ивана Богичевиќ која немала ни идеја дека токму таа ќе биде сопственичка на последната песна на Марина Туцаковиќ, која почина на 19 септември, по тешко боледување.
Пејачката се огласи и раскажа за својата соработка со Туцаковиќ.
„Отсекогаш сакав Марина да ми напише песна. Еве, таа ја напиша мојата прва песна, но и последна, правена од неа за мене. Мојата менторка Ана Бекута ме донесе кај неа. Песната е напишана за 20 минути. Се сеќавам дека Марина и рече на Ана: „Ах, Анчи, ако е глупост, не ми праќај, знаеш дека сум болна“, но мојата менторка ја убеди да ја слушне мелодијата. Нејзе и се допадна и ми напиша стихови“, вели Ивана.
Таа додава дека тоа не била Марина која ја гледала на телевизија, но не сакала да остави впечаток дека е болна, односно била среќна и насмеана.
„Ми пушти некои од нејзините песни што ги имаше на залиха, дури планирав да земам и друга песна, но еве, виша сила, вели Ивана.
Исто така, и Ана Бекута рече дека последен пат ја видела Марина кога отишла да ја земе песната за Ивана Богичевиќ.
„Ја видов пред еден месец кога отидов по песна што му ја напиша на мојот кандидат“, рече пејачката.
