Сите знаеме дека предолгото гледање на екранот може сериозно да го оштети видот. Некои неодамнешни истражувања покажаа дека гледањето предолго на компјутер или телефон го зголемува ризикот од миопија.
Студијата беше објавена во The Lancet Digital Health и беше спроведена во Кембриџ, Англија. Научниците покажаа јасна врска помеѓу предолго гледање телефони и таблети и кратковидост. Паметните телефони го зголемуваат тој ризик за 30 проценти, а доколку се користат компјутери покрај нив, тогаш ризикот се зголемува на 80 проценти.
Иако експертите често предупредуваат дека децата треба да поминуваат што е можно помалку време пред компјутер, поради големиот број проблеми што можат да се појават, со ‘рбетот, менталниот развој, па дури и видот, се чини дека децата се повеќе ги користат овие уреди. За време на пандемијата, оваа лоша навика кај децата се зголеми уште повеќе.
„Оваа студија што ја направивме е досега најсеопфатна во однос на премногу долго користење на екранот и миопија кај младите луѓе“, вели Руперт Бурн, професор по офталмологија и еден од авторите на студијата.
„Потребни се дополнителни истражувања за подобро разбирање на влијанието на овие уреди врз видот. Знаеме и дека луѓето не се свесни колку време всушност трошат време пред телефонот и компјутерот, затоа идните студии треба да користат објективни мерки за оваа информација“, додаде тој.
