ЕВН Хоме ја прифати понудата на АД ЕСМ од 41 евро за мегаватчас

ЕВН Хоме како Универзален Снабдувач на електрична енергија, на денешните тендери за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на своите потрошувачи за периодот Јануари-Јуни 2022, доби понуда само од АД ЕСМ.

АД ЕСМ и на двата тендери (за 60% и 40% од вкупните планирани потреби) преку електронски аукции му понуди на ЕВН Хоум како Универзален Снабдувач купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас.

АД ЕСМ како најповолен понудувач ќе ги покрие вкупните планирани потребни количини на електрична енергија за корисниците кои се снабдувани од страна на Универзалниот снабдувач за првата половина од 2022 година. Добиената купопродажна цена е за 13,6 % повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач за набавка на електрична енергија за периодот Јули-Декември 2021 година, кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 36,1 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоум како Универзален Снабдувач.

Поврзани вести

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија. Во Бугарија ќе биде одржана заедничка меѓувладина...

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Продолжува периодот на студено време со умерен до...

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал пред помалку од половина час, а на терен веќе се...

Најважното

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на...

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија.

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал...

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните...