Поврзи се

Македонија

Еврокомесарот за проширување Вархеји во посета на земјава

Published

on

Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји денеска ќе престојува во прва официјална посета на Северна Македонија.

Како што соопшти делегацијата на Европската комисија во Скопје, Вархеји ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Текстот продолжува по рекламата-

Вархеји исто така ќе се сретне и со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Посетата на комесарот Вархеји во регионот ќе продолжи во Албанија следниот ден.

На средбите најверојатно ќе стане збор за новата методологија за проширување предложена од Франција и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство.

На 18 декември минатата година вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се сретна со Вархеји во Брисел, при што му го претстави реформскиот план на Владата до самитот на Европскиот совет во март.

Европската комисија ќе објави мини-извештај за Северна Македонија и Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, се очекува да биде усвоена во март.

Еврокомесарот Вархеји минатиот месец рече дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат напролет. Тој тогаш рече дека ЕУ треба да ја исправи грешката од октомври.

Земјите членки на ЕУ не се договорија за почеток на преговорите со двете земји, поради противењето на Франција, која, пак, услови со нова методологија на преговарање.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера изјави дека следните шест месеци ќе бидат клучни за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан и најави дека ЕК за неколку недели ќе излезе со новата методологија за проширување.

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Реакција на генералниот секретар на Илинденскиот марш за инцидентот кај Гумење

Македонија

СДСМ-ДУИ, прва опција за нова Влада!? Божиновски: Проширена коалиција меѓу сите политички субјекти

Македонија

Учениците од септември се враќаат во клупите, со маски на лицата и социјална дистанца, часот ќе трае 20 минути

Македонија

Што ќе се случува во следните месеци со коронавирусот? – „Имаме две сценарија“, одговара Караџовски

Македонија

Ќе заѕвони ли училишното ѕвонче? Неделков од СОНК: Вирусот е како атомска бомба за училиштето

Македонија

Акција на ИНТЕРПОЛ: Обид за внес на отровна храна во Македонија – запленето пилешко месо со птичји грип

Македонија

Владата објави нов, ажуриран список на компании кои добиле помош, а не ја исплатиле на работниците

Македонија

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ да молчат за енергетиката, во нивно време струјата поскапе 100% и беше укината евтината тарифа

Македонија

Кадриу: „Премиерот нѐ нарече криминалци“ – Спасовски ги отфрли тврдењата на обвинителката

Македонија

Мијалков до Мицкоски: Состави Влада во судиско продолжение или ќе треба да понесеш одговорност

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри