Свет

Европа се плаши од средбата Трамп-Путин, Зеленски го предупредува Трамп

Европа се плаши од средбата Трамп-Путин, Зеленски го предупредува Трамп

Најавената средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин на 15 август во Алјаска продолжува да предизвикува бројни реакции. Главна тема ќе биде војната во Украина, а Трамп најави дека ќе има разговори за „територијални размени“.

Европските лидери, кои тврдат дека Русија претставува егзистенцијална закана за континентот, бараат консултации со американскиот претседател Доналд Трамп за да ги постават „црвените линии“ на Европа пред неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во петок, на која ќе разговараат за војната во Украина.

Руското Министерство за одбрана објави дека неговите сили ја презеле контролата врз населбата Луначарске во Донецката област во источна Украина. Во 2016 година, Украина ја преименува таа населба во Федоривка.

Пред состанокот на Доналд Трамп и Владимир Путин за Украина на 15 август, дискусијата за трансфер на територија е обновена. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, смета дека разговорите за ова прашање се неизбежни. Министрите за надворешни работи на ЕУ сакаат да постигнат консензус за ова прашање, објавува ДВ.

Рускиот претседател Владимир Путин нема да дојде во Алјаска во петок за да му претстави на Доналд Трамп територијални претензии за 49-та американска држава, продадена на САД во 1867 година за 7,2 милиони долари.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни