Европа се подготвува за дожд кој одамна не е виден

Во Австрија се подготвуваат вреќи со песок, во Чешка се празнат акумулации, а во Полска се очекуваат поројни поплави. Синоптичарите, имено, предупредуваат на „потенцијално катастрофални“ врнежи од дожд кои би можеле да траат со денови.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека „нема причина за паника“ откако присуствуваше на брифингот за ризикот од поплави во Вроцлав. Во четири јужни полски провинции се очекуваат врнежи од 15 сантиметри на метар квадратен.

Австрија подготвува војска

Во Австрија, обилните врнежи од дожд и снег во планините веќе го нарушија патувањето, а канцеларот Карл Нехамер рече дека армијата е подготвена да распореди до 1.000 војници доколку е потребно. Чешката престолнина Прага, која пред две децении беше опустошена од поплавите, не ризикува.

Сликите од 2002 година, на кои се прикажани поплавени станици на метрото, евакуација на жители во гумени чамци и давење слонови во зоолошката градина во Прага, се врежани во сеќавањето на жителите на Прага.

Прага не сака да ризикува

Утринава, тешка челична порта, дебела еден метар, го затвори таканаречениот Ѓаволски канал или Чертовка, воден пат што ја сече историската област Мала Страна во Прага пред повторно да се приклучи на реката Влтава.

Портата Чертовка е дел од националната мрежа за одбрана од поплави за која властите велат дека чинела повеќе од милијарда евра за да се спречи повторување на катастрофалните штети од 1997 и 2002 година.

Прага се надева дека ќе го избегне најлошото. Викендов вниманието е насочено кон централните и источните делови на земјата, особено Северна Моравија, каде во 1997 година животот го загубија 50 лица.

Се очекуваат 400 мм дожд на метар квадратен

Планините Јесеники би можеле да добијат околу 400 мм дожд на квадратен метар во следните три дена, а оваа вода потоа ќе тече по реката Одра и понатаму кон Полска, поминувајќи низ голем број градови и села на патот.

Туск ги смирува Полјаците

Откако присуствуваше на брифингот на службите за итни случаи во југозападна Полска, премиерот Доналд Туск се обиде да ја увери јавноста дека прогнозите „не се премногу алармантни“ и дека нема причина да се предвиди нешто толку страшно што може да ја загрози целата земја.

Полската територијална армија е на подготвеност, рече тој, и се проценува дека два милиони вреќи со песок се складирани во една од четирите јужни провинции, Мала Полска, додека уште еден милион се достапни во Долна Шлезија, провинцијата околу Вроцлав.

„Ако нешто може да се очекува, на што сакаме да бидеме подготвени, тоа се локални или таканаречени поројни поплави“, додаде тој. Илјадници жители мораа да ги користат скалите на нивните станбени згради во Вроцлав бидејќи лифтовите беа затворени поради страв од поплави, објавија локалните медиуми.

Полскиот институт за метеорологија и управување со водите подоцна го прошири највисокото ниво на предупредување од четири јужни провинции до устието на реката Одра во Шчечин, каде што се влева во Балтичкото Море.

Најтоплиот август во Австрија откако има мерења, сега се очекуваат и до 20 сантиметри снег

Австрија го забележа најтоплиот август досега, според федералниот институт за геосфера. Сега има предупредување за врнежи од 10-20 см во многу региони во текот на неколку дена. На некои места можна е и над 20 см, особено во планините на Горна и Долна Австрија и во северна Горна Штаерска.

Австрискиот метеоролошки центар UWZ вели дека во некои области претходните рекорди за цел септември ќе бидат „надминат за само неколку дена“.

„Ова е извонредно, можеби без преседан“

Мануел Келемен, синоптичар на ТВ „Пулс24“, вели дека од метеоролошка гледна точка „она што го гледаме е извонредно, ако не и без преседан“. Железничката мрежа ОЕББ ги советува сите патници да ги одложат патувањата кои не се итни. Дел од железничката линија Тауерн меѓу Бад Хофгаштајн и Бекштајн во провинцијата Салцбург е затворен поради обилните снежни врнежи.

Можни се поплави и одрони, а во главниот град Виена се очекуваат бурни ветрови. Хуманитарната организација Каритас повика волонтери да помогнат во погодените подрачја.

Проблеми се очекуваат и во Баварија

Континуирани обилни врнежи се очекуваат и преку границата, во германската покраина Баварија. Би-Би-Си вели дека станува збор за регионална, а не национална вонредна состојба, при што се очекува да биде погоден голем дел од централна Европа.

Потсетувањето за националните приоритети дојде претходно оваа недела, кога чешките власти рекоа дека биле принудени да го отфрлат германското барање за запирање на испуштањето на акумулациите во реката Влтава, која се влева во реката Елба и продолжува во Германија, по падот на мост во Дрезден.

Тие акумулации – серија од девет брани познати како Каскада Влтава – ќе мора да бидат полупразни за да се смести водата што се очекува овој викенд.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното