Свет

Европската унија ги санкционираше Путин и Лавров поради Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за прв пат ќе бидат санкционирани од Европската унија.

Ова го соопшти високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Според Би-Би-Си, ова е замрзнување на имотот, а не забрана за патување . Детали допрва ќе се соопштуваат.

„Дозволете ми да забележам дека единствените лидери во светот кои се санкционирани од ЕУ се (Башар) Асад од Сирија, (Александар) Лукашенко од Белорусија и сега (Владимир) Путин од Русија“, рече Борел.

Претходно беше најавено дека и Британија ќе го преземе овој чекор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни