Европскиот парламент прославува 70-годишнина. Бугарија на денешната церемонија ќе ја претставува претседателот на Народното собрание Вежди Рашидов.
Почетокот беше во 1952 година, кога беше создадена Европската заедница за јаглен и челик. Договорот во Париз го потпишаа Белгија, Италија, Луксембург, Холандија, Сојузна Република Германија и Франција.
Потоа, националните влади на шесте земји основачи испраќаат 78 свои претставници на Генералното собрание на Европската заедница за јаглен и челик.
Денес, ова Собрание се нарекува Европски парламент , има 27 земји-членки и 705 европратеници, директно избрани од околу 450 милиони европски граѓани.