Свет

Евростат: Се повеќе компании во ЕУ банкротираат

Евростат: Се повеќе компании во ЕУ банкротираат

Бројот на компании во Европската унија што прогласија банкрот во вториот квартал е зголемен за 8,4 отсто во однос на претходниот квартал и сега е највисок во последните осум години, објави денеска Евростат.

Квартален раст на бројот на фирми кои отидоа во стечај е забележан во сите сектори на економијата.

Најголем пораст на бројот на стечајци во однос на првиот квартал е забележан кај услугите за сместување и храна – за 23,9 отсто, транспортот и складирањето за 15,2 отсто, како и во образованието, здравството и социјалните услуги – за 10,1 отсто.

Шест квартали по ред се зголемува бројот на банкроти во ЕУ.

Во вториот квартал во ЕУ се отворени за 0,6 отсто помалку компании отколку во претходниот квартал.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни