Еквадорската полиција соопшти дека се фатени 200 од затворениците кои побегнаа за време на немирите и судирите во затвор вчера.
„Вчера вкупно 220 избегаа, а сега повторно фативме 200 од нив“, рече началникот на полицијата Џовани Понсе.
Понсе рече дека оние кои ќе дадат информации за преостанатите 20 бегалци ќе бидат наградени со награда до 3.000 долари.
Во затворот Белависта во градот Санто Доминго де лос Цачилас, 44 затвореници ги загубија животите за време на немирите и судирите што избувнаа меѓу ривалските банди вчераутро, а голем број затвореници побегнаа од затворот.
Повеќе од 400 затвореници загинаа во затворите во насилството меѓу ривалските банди во земјата од минатата година.
